Како правилно да се најавам на апликацијата ?

Одете во менито “Најава“ и од таму изберете го модулот за кој сакате да се најавите.

За да се најавите како администратор на автошкола кликнете на Автошкола и внесете ги вашето корисничко име и лозинка.

За да се најавите како инструктор на автошкола кликнете на Инструктор и внесете ги вашите корисничко име и лозинка.

Кога ги внесувам моите податоци за најава добивам грешка дека истите се погрешни. Зошто ?

1. Проверете дали сте го избрале точниот модул за најава. Ако имате инструкторски пристап, неможе да се најавите во делот за администрација на авто школата.
2. Проверете да не ви е притиснато "CAPS LOCK" копчето.
3. Проверете дали ја користите правилната јазична подршка (сите кориснички имиња и лозинки се внесени со латинична подршка).
4. Проверете да не користите некои специјални карактери или други симболи.
5. Ако ниту еден совет од горенаведените не ви помогне (а се најавувате како инструктор) обратете се кај администраторот да ви обезбеди нова лозинка.
6. Ако ниту еден од горенаведените совети не ви помогне (а се најавувате како автошкола) обратете се на dragan@nrg.mk или на avtoskola@nrg.mk за да добиете понатамошни инструкции.

Зошто не работи контакт формата кога пробувам да испратам меил до лицата одговорни за апликацијата?

1. Доколку користите локална верзија од апликацијата т.е. за да пристапите до неа немора да користите интернет пристап, таквата опција не е возможна поради конфигурацијата на локалниот сервер.
За да остварите контакт со лицата одговорни за оваа веб апликација, испратете меил на dragan@nrg.mk или на avtoskola@nrg.mk

При отварањето на апликацијата, дел од содржината и формите се изместени. Зошто ?

Ова може да се случува од различни фактори.
1. Еден од нив е големината на мониторот на кој што работите. Пробајте да ја приспособите големината на веб страната преку зумирање/намалување на тековниот прозорец во пребарувачот (комбинацијата најчесто е ctrl+ за зголемување, ctrl- за намалување).
2. Користите застарена верзија на пребарувачот и наш предлог е да го надоградите пребарувачот со последната верзија.
- Препорачани пребарувачи се: Google Chrome , Mozila Firefox , Opera.

Дали постои упатство за работа со оваа веб апликација ?

Да,постои прирачник напишан на македонски јазик каде детално се објаснети сите опции и можности што ги нуди програмата како и упатство за работа со истата.
Упатството може да го превземете од следниве линкови:

Македонска верзија (.pdf)

Македонска верзија (.doc)

Што доколку имам прашања кои не се одговорени во ова поглавје за помош ?

За прашања во врска со работата на програмата, начинот за купување или било какви други нејаснотии, обратете се на dragan@nrg.mk или на avtoskola@nrg.mk